|
Проектот има за цел да ја подржи имплементацијата на законот за батерии и отпадни батерии (стапен во сила Јануари 1, 2011), да ја развие свеста кај населението за штетноста од батериите и да иницира систем за собирање на отпадните батерии. Три главни столбови на проектот се:
Првиот столб има за цел да овозможи платформа за размена на знаења и споделување на искуства помеѓу Р. Македонија и земјите од ЕУ (Шведска и Словачка) кои имаат воспоставено систем и успешно го имлементираат законот за батерии и отпадни батерии. Како дел од првиот столб се организираше семинар на 8ми Ноември во ЕУ Инфо Центарот во Скопје каде што Министерот за животна средина и Шведскиот амбасадор имаа свое обраќање, а експертите од Шведска и Словачка и Министерството за Животна Средина на РМ имаа свои излагања и дебатираа со претставниците од компаниите, општините и граѓанските организации околу одговорностите кои законот ги налага. Институционалната соработка продолжува со студиската посета во Словачка (13-15 Февруари 2012). Вториот столб, информативна образовна кампања, ги вклучува општините, училиштата и факултетите со цел да ја развие свеста кај локалната администрација и младите луѓе околу штетните ефекти на отпадните батерии да потикне одговорно однесување. Овој столб започна на 5ти Ноември 2011 со семинар за опасен отпад на Економскиот Факултет, а продолжи со едукативни инфо-состаноци во општините, училиштата и факултетите во Скопје, Куманово и Тетово. Третиот столб има за цел да ги потикне граѓаните да ги остават своите отпадни батерии во специјалните туби за празни батерии кои се поставени во супермаркетите Тинекс, Веро и Рамстор и општините во Скопје, Тетово и Куманово. Овој столб започна на 1ви Декември 2011 преку медиумска кампања и промоција зелено гушкање низ супермаркетите кое има за цел да ги едуцира граѓаните и да потикне одговорно однесување. Фотографии од семинарите, инфо-состаноците во општините, училиштата и факултетите и промоцијата зелено гушкање, може да најдете на Фејсбук страната на Гоу Клин со кликнување тука. Проектот е инициран од Амбасадата на Шведска, подржан од Шведската агенција за заштита на животна средина, амбасадите на Норвешка и Словачка и Министерството за Животна Средина во РМ. Партнери на проектот се јавуваат супермаркетите Тинекс, Веро, Рамстор и Каммаркет, а медиумски покровители Антенна 5, Вест, Алфа ТВ, Емисијата 5+ и Акцент Медиа.
There are no translations available. Short version of the magazine "Ecology and sustainable development" N.125. The GGClub's members have the full version of the magazine. Everybody interested in subscribing for the magazine and becoming part of the environmental network, please contact us on Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|
Активирај се: Стани и ти зелен активист и информирај се за можностите




Гоу Грин Скопје со задоволство го најавува почетокот на Биди Зелен Клубовите (БЗК) во училиштата во Македонија. Целта на Б3К е да се создадат млади агенти на позитивна промена кои поседуваат карактеристики за одржлив развој, како индивидуално, така и колективно.
