Напишано од Go Green

Вампирски електронски апарати се оние кои најчесто во домот не ги исклучуваме по употреба и со тоа полека, но сигурно трошат електрична енергија. Ова се апарати кои обично ги занемаруваме бидејќи најчесто се во “stand by” позиција, но сепак претставуваат значителен дел од нашата сметка за струја на крајот од месецот. Полнач за мобилен, фен, микробранова печка, двд плеер, компјутер, апарат за кафе, се примери за вампирски електронски апарати кои ја “цицаат” енергијата како жедни вампири.

Повеќето од луѓето се едноставно мрзливи да го извадат од струја апаратот, само завршуваат работа и го оставаат во штекер за и следниот пат кога ќе биде потребен, да биде веднаш “спремен” за употреба. Тоа не е правилно! Од една страна трошите енергија која ви влијае на месечните трошоци, а од друга страна придонесувате за зголемена побарувачка на електрична енергија која е произведена од јаглен и нафта (фосилни горива).

Можеби ќе помислите: “ех, како јас ќе придонесам ако го извадам полначот од мобилниот после полнење, а и што се за мене 100 денари повеќе во месецот”. Да, но пресметајте дека имате минимум 2 вампирски апарати во домот, 12 месеци во годината, покачена сметка за електрична енергија. Ако го земеме тоа на ниво на населба, помножете го со 100 домови, или на ниво на град, или држава. Замислете колку електрична енергија и финансии можат да се заштедат доколку изградиме култура на енергетска ефикасност во своите домови. Затоа да почнеме од самите нас. Идентификувајте ги вампирските електронски апарати во вашиот дом и свесно исклучувајте ги после употреба. Секој може да направи разлика!


blog comments powered by Disqus
Share/Save/Bookmark

Вторник, 28 Септември 2010