Напишано од Go Green
Структурата на Б3К е дизајнирана на начин што охрабрува тимска работа и превземање на лидерска позиција. Секој Б3К е поделен во три секции за кои се назначува тим лидер, како и одговорен професор, кој најчесто предава биологија, хемија или географија. Трите секции каде што членовите ќе можат да изберат да се приклучат се акција, комуникации и тренинг&едукација. Ученици кои се заинтересирани за директен придонес во заштита на животната средина се зачленуваат во секцијата акција. Програмата на оваа секција е во соработка со Сојузот на Извидници на РМ и вклучува едукација и конкретни акции на терен. Во секцијата тренинг&едукација се зачленуваат ученици кои сакаат да ги развијат своите презентаторски способности и јавно говорење. Учениците заинтересирани за промоција, медиуми и односо и јавност имаат може да станат дел од секцијата “комуникации”. Дополнително има област “уметност” каде се приклучуваат ученици заинтересирани за фотографија, видео, цртање, глума, дизајн итн. Во текот на годината ќе се одржуваат семинари, натпревари и тренинзи каде што најамбициозните членови ќе имаат можност да присуствуваат и да се поврзат со ученици од други училишта, членови на Б3К. Идејата е да се создаде национална (регионална) мрежа на млади екологисти кои заедно ќе учат и ќе се здружуваат за реализација на проекти.
Многу важна алатка за едукација и споделување информации е списанието "Екологија и Одржлив развој" кое е одобрено од Министерсто за Образование како дополнителна литература во основните училишта.
Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за Списанието контактирајте ја Ива Јовановиќ на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за Биди Зелен Клубовите контактирајте го Фране Јовановски на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Гоу Грин Скопје со задоволство го најавува почетокот на Биди Зелен Клубовите (БЗК) во училиштата во Македонија. Целта на Б3К е да се создадат млади агенти на позитивна промена кои поседуваат карактеристики за одржлив развој, како индивидуално, така и колективно.
Карактеристиките кои се стремиме да ги развиеме во младите преку активностите на Б3К се: самосвесност, интегритет, храброст, иновативност и општествена одговорност. Биди Зелен Клубовите претставуваат неформално образование за учениците и вклучувањето е на доброволна основа.
Структурата на Б3К е дизајнирана на начин што охрабрува тимска работа и превземање на лидерска позиција. Секој Б3К е поделен во три секции за кои се назначува тим лидер, како и одговорен професор, кој најчесто предава биологија, хемија или географија. Трите секции каде што членовите ќе можат да изберат да се приклучат се акција, комуникации и тренинг&едукација. Ученици кои се заинтересирани за директен придонес во заштита на животната средина се зачленуваат во секцијата акција. Програмата на оваа секција е во соработка со Сојузот на Извидници на РМ и вклучува едукација и конкретни акции на терен. Во секцијата тренинг&едукација се зачленуваат ученици кои сакаат да ги развијат своите презентаторски способности и јавно говорење. Учениците заинтересирани за промоција, медиуми и односо и јавност имаат може да станат дел од секцијата “комуникации”. Дополнително има област “уметност” каде се приклучуваат ученици заинтересирани за фотографија, видео, цртање, глума, дизајн итн. Во текот на годината ќе се одржуваат семинари, натпревари и тренинзи каде што најамбициозните членови ќе имаат можност да присуствуваат и да се поврзат со ученици од други училишта, членови на Б3К. Идејата е да се создаде национална (регионална) мрежа на млади екологисти кои заедно ќе учат и ќе се здружуваат за реализација на проекти.
Многу важна алатка за едукација и споделување информации е списанието "Екологија и Одржлив развој" кое е одобрено од Министерсто за Образование како дополнителна литература во основните училишта.
Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за Списанието контактирајте ја Ива Јовановиќ на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за Биди Зелен Клубовите контактирајте го Фране Јовановски на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Проектот е поддржан од Норвешката Амбасада во Р. Македонија.
| Следно > |
|---|
Четврток, 09 Декември 2010



