Одржливиот развој е развој што ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ја загрози можноста идните генерации да ги задоволуваат своите потреби. Овој концепт претпоставува однесување кон животната средина како да не сме ја наследиле од минатите генерации, туку како да ја позајмуваме од идните.

Општеството во кое живееме уште се нарекува и потрошувачко општество. Секојдневно купуваме и користиме голем број на производи, но она што ретко се прашуваме е како тие производи се произведуваат и какво влијание имаат врз животната средина. За сите производи што се произведуваат потеребно е да се потрошат големи количини на природни ресурси, се употребуваат разни штетни хемикалии кои се испуштаат во водите и почвата и се создаваат илјадници тони јаглероден диоксид и други стакленички гасови кои се испуштаат во атмосферата. Со други зборови ги земаме ресурсите од природата, ги корстиме за создавање на производи кои ни се потребни, а по одредено време ги фламе и гориме тие производи во депониите.
Ваквиот принцип, долго време се сметал за исправен се додека лугето не сфатиле дека природата и природните ресурси ги нема во безгранични количини и дека може да дојдеме до момент кога расположливите ресурси ке бидат значително намалени, а некои и ке бидат целосно исцрпени. Тогаш лугето почнале да го развиваат концептот на одржлив развој.
Една од дефинициите за одржлив развој е: Развој кој во целост ги задоволува потребите на денешницата, без негативни последици на иднината, односно можноста да идните генерации си ги задоволат своите потреби. Овде пред се се мисли на такво искористување на енергијата и енергетските ресурси кое нема да остави негативн последици за иднината. Негативните последици на денешниот развој се согледуваат во прекумерното загадување на планетата и исцрпување на ресурсите на фосилни горива. Одржливиот развој има за цел подигање н квалитетот на живот како нам така и на нашите идни поколенија.
Нашите одлуки и начин на живот се пресудни за идните генерации, квалитетот на нивниот живот зависи од нас!



