Без енергија нема живот. Енергијата е способност да се извршува работа, енергијата е движење топлина, живот. Енергијата е двигател на целиот свет, па така и на нашиот живот. Енергијата ја користиме за да се движиме, да работиме, да се храниме, таа ни ги осветлува домовите, ни ги подвижува средствата за работа, превозните средства и др. Енергијата ни е потребна за греење ладење, топла вода итн. Се што рработиме во еден или друг облик е поврзано со енергјата.

Eнергетска Ефикасност

Енергијата не исчезнува, таа само преминува од една во друга форма. Денес енергијата е само подостапна, а ја нема повеќе од порано! Најголемиот дел од енергијата на Земјата се обезбедува од многу важни природни суровини кои се наоѓаат во Земјата и во морињата. Станува збор за горивата: јаглен, природен гас и нафта. Богатството на овие извори на енергија се намалува постојано. Брзината со која ние ги трошиме овие извори на необновлива енергија е многу пати поголема од брзината на нивното создавање. Затоа, порано или покасно тие ќе бидат исцрпени. Покрај тоа зголеменото користење на необновливи извори на енергија нанесува голема штета на животната средина. Бидејќи кога согоруваат овие необновливи горива, во атмосферата се исфрла големо количество на јаглерод во вид на јаглероден диоксид, што доведува до зголемување на неговата концентрација во атмосферта. А, ова доведува до ефект  на климатски промени, како сериозна опасност за опстанокот на човештвото.

Што означува терминот енергетска ефикасност?

За да се избегнат негативните последици од прекумерото трошење на енергија постојат мерки кои можат да се превземат. Најсоодветно решение е посветувањето поголемо внимание за намалување на прекумерно искористување на штетните горива(јаглен, природен гас и нафта), односно нивна ефикасна употреба. Понатака потребно да се започне да се употребуваат нови извори на енергија како што се сончевата енергија, ветерот, водата, пареата, органските материи и други. Поточно кажано, треба да употребуваме помаку необновлви извори, а повеќе обновливи извори на енергија.

Поимот енергетска ефикасност најчесто се срекава во две можни значења, од кои едното се однесува на уреди, а второто на мерки. Под енергетски ефикасен уред се подразбира оној уред кој има голем степен на искористување на енергијата, односно мали загуби при трансформација од еден вид енергија во друг. На пример обичната сијалица голем дел на електричната енергија ја претвора во топлинска, а само дел во корисна светлосна енергија, па во тој смисол таа претставува енергетски неефикасен уред. Кога се во прешање мерките, тогаш под енергетска ефикасност ги сметаме мерките кои се спроведуваат со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија. Без разлика дали мерките кои се псроведуваат за таа цел се тхнички, технолошки или други, тие мора да обезбедат ист или поголем степен на остварен комфорд и стандард.

Природата е секогаш во право, грешките ги прават лугето!!!

Share/Save/Bookmark