
Со големо задоволство го објавуваме партнерството со програмата на Европската Унија “Одржлива Енергија Европа”. Кампањата “Одржлива Енергија Европа” поддржува и промовира активности на европско ниво во сферата на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Кампањата се стреми да создаде поголема слика од нашите самостојни обиди да инспирираме промена.
Конкретно, фокусот е на ширeње на најдобри технологии за одржлива енергија и градење на сојузништва кои ќе инспирират нови идеи и акции.
Како дополнување на Биди Зелен кампањата за подигнување на јавната свест за одржлив развој (Мај - Јуни 2010) чија што порака ја примија повеќе од 500,000 луѓе, Гоу Грин ќе продолжи со серија на активности да едуцира, инспирира и инволвира млади луѓе да преземат конкретни и одлучни акции во борбата против климатските промени и уништувањето на животната средина.
Наскоро ќе бидете информирани за настаните кои ќе ги организираме во Македонија за време на Европската Недела на Одржлива Енергија, од 11-ти до 15-ти Април, 2011. Повеќе информации во врска со кампањата може да прочитате на: http://www.sustenergy.org/.
| < Пред | Следно > |
|---|
Среда, 26 Јануари 2011



