Списание „Екологија“
Списанието „Екологија“ е најстарото списание за екологија во Македонија кое постои веќе 15 години. Биди Зелен тимот го превзема раководењето на ова списание со цел да го модернизира и направи атрактивно и прифатливо за младите.
Првиот број од новото списание излезе како дел од “Биди Зелен” проектот и беше главен дел од едукативната кампања при што се дистрибуираше бесплатно на средношколците во периодот од 25ти Мај до 10ти Јуни 2010.
Биди Зелен тимот ја препознава вредноста на ова списание и затоа ја издвојува оваа активност како посебен проект кој ќе има за цел да обезбеди одржливо функционирање на истото, како и да го направи неизбежна литература за младите луѓе кои ќе посакуваат да го имаат и читаат. Новото списание ја добива додавката “Екологија и одржлив развој” и ја потенцира важноста на начинот на одржливо размислување, како и дава најава за опфаќање на пошироки теми од областа на климатски промени, глобалното затоплување, енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија.
Доколку сакате да добиете повеќе информации за овој проект, да напишете текст за некој од следните броеви или да придонесете на било кој начин, контактирајте го Фране Јовановски на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .



