Проектот има за цел да ја подржи имплементацијата на законот за батерии и отпадни батерии (стапен во сила Јануари 1, 2011), да ја развие свеста кај населението за штетноста од батериите и да иницира систем за собирање на отпадните батерии.

Три главни столбови на проектот се:

  • Институционална соработка и споделување искуства со ЕУ земји
  • Информативна Образовна кампања
  • Кампања за собирање на празни батерии

Првиот столб има за цел да овозможи платформа за размена на знаења и споделување на искуства помеѓу Р. Македонија и земјите од ЕУ (Шведска и Словачка) кои имаат воспоставено систем и успешно го имлементираат законот за батерии и отпадни батерии. Како дел од првиот столб се организираше семинар на 8ми Ноември во ЕУ Инфо Центарот во Скопје каде што Министерот за животна средина и Шведскиот амбасадор имаа свое обраќање, а експертите од Шведска и Словачка и Министерството за Животна Средина на РМ имаа свои излагања и дебатираа со претставниците од компаниите, општините и граѓанските организации околу одговорностите кои законот ги налага. Институционалната соработка продолжува со студиската посета во Словачка (13-15 Февруари 2012).

Вториот столб, информативна образовна кампања, ги вклучува општините, училиштата и факултетите со цел да ја развие свеста кај локалната администрација и младите луѓе околу штетните ефекти на отпадните батерии да потикне одговорно однесување. Овој столб започна на 5ти Ноември 2011 со семинар за опасен отпад на Економскиот Факултет, а продолжи со едукативни инфо-состаноци во општините, училиштата и факултетите во Скопје, Куманово и Тетово.

Третиот столб има за цел да ги потикне граѓаните да ги остават своите отпадни батерии во специјалните туби за празни батерии кои се поставени во супермаркетите Тинекс, Веро и Рамстор и општините во Скопје, Тетово и Куманово. Овој столб започна на 1ви Декември 2011 преку медиумска кампања и промоција зелено гушкање низ супермаркетите кое има за цел да ги едуцира граѓаните и да потикне одговорно однесување.

Фотографии од семинарите, инфо-состаноците во општините, училиштата и факултетите и промоцијата зелено гушкање, може да најдете на Фејсбук страната на Гоу Клин со кликнување тука.

Проектот е инициран од Амбасадата на Шведска, подржан од Шведската агенција за заштита на животна средина, амбасадите на Норвешка и Словачка и Министерството за Животна Средина во РМ. Партнери на проектот се јавуваат супермаркетите Тинекс, Веро, Рамстор и Каммаркет, а медиумски покровители Антенна 5, Вест, Алфа ТВ, Емисијата 5+ и Акцент Медиа.

Share/Save/Bookmark