Платформа за младинска одржливост
Целта на платформата за младинска одржливост е да поттикне заедничко работење и меѓусебна поддршка помеѓу невладините организации за подигнување на свеста кај нивните членови за одржливиот развој и заштита на животната средина.
Платформата за младинска одржливост за прв пат беше промовирана преку семинар за одржлив развој кој се одржа на 8ми Октомври 2011 година каде што невладините организации АИЕСЕК, Младински Образовен Форум, Сојузот на Извидници и Гоу Грин ја потпишаа декларацијата за младинска одржливост. Платформата е подржана од Француската Амбасада, а Францускиот Амбасадор имаше свое излагање. Како изгледаше церемонијата и семинарот низ фотографии може да погледнете на овој линк.
Како главни активности на платформата се едукативни настани и семинари. Платформата е отворена за секоја организација која сака да им овозможи на своите членови едукација за одржливиот развој и заштитата на животната средина. Доколку вашата организација сака да се приклучи кон платформата напишете е-маил на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .



