
На 13.06.2019 се одржа Младинското Собрание на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин- Скопје“.
Младинското собрание претставува место каде што се прават промени во Правилникот за работа на Биди-Зелен клубовите, се одредуваат правците на младинската стратегија на организацијата и се презентираат плановите и барањата на Биди-Зелен Клубовите и иницијативните групи. Биди-Зелен Клубот претставува неформално здружување на ученици од едно училиште каде што се едуцираат и активираат за различни еколошки теми. Младите преку овие клубови ги информираат и ја подигаат свеста не само кај своите другар/ки, соученици и врсници туку и кај своите родители и постари генерации.
На овогодинешното собрание се претставија и формираа нови иницијативни групи во рамки на Биди-Зелен Мрежата, и тоа:
- СУГС „Никола Карев“, Скопје
- СОУ „Ристо Ристески Ричко“, Прилеп
- СОУ „Орде Чопела“, Прилеп
- СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп
- СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, Битола,
- СОУ „Таки Даскало“, Битола,
- ОСУ „Дрита“, Кичево
- ОСТУ „Гостивар“, Гостивар,
- СОУ „Гостивар“, Гостивар
Со оваа одлука, мрежата на Биди-Зелен клубовите се прошири на 11 иницијативни групи во различни градови во РСМ. Понатаму беа избрани лидерските органи на Биди-Зелен клубовите.
Фотографиите од настанот може да ги погледнете на следниот линк.
Мрежата на Биди-Зелен клубови и младинското собрание се поддржани од Град Скопје и германската фондација „Хајнрих Бол Штифтунг“.