Во рамки на залагањата на нашето здружение за енергетски ефикасни училишта на сончева енергија и зголемено образование за климатски промени имаме петиција како и серија на интернет конференции на темите. Следната конференција е планирана за 25 јуни, со почеток во 10:00 часот, на тема „Училишта на сончева енергија“. 

Конференцијата е наменета за општините и училиштата и има за цел да ги поттикне истите да земат поактивно учество во користење (инвестивање) во сончевата енергија и технологиите за добивање струја (и греење) од сонце. Преку различни модели (енергетски задруги) и иновативни технологии (солар-термал) училиштата не само што можат да станат енергетски независни, туку и да генерираат приходи од продавање на електричната енергија на пазарот на електрична енергија. 

Клучни прашања кои ќе се дискутираат на конференцијата се: 

✓ Кои се придобивките за училиштата да инвестираат во сончевата енергија?
✓ Колкава инвестиција е потребна за едно училиште може да произведува струја (и се грее) од сонцето?
✓ Што претставува енергетска задруга и која е улогата за училиштата?
✓ Кои се можностите од постоечката законска регулатива? 

Заинтересираните може да се пријават тука.*

Минатата конференција се одржа на 9 јуни, на тема „Енергетски ефикасни училишта“, имаше присуство на 77 учесници од 12 општини. Заклучоците и видеото од таа конференција може да ги погледнете на следниот линк 

 

*Местата се ограничени на 100 учесници

Напишете коментар