На 2 јули со почеток во 10ч ќе се одржи виртуелна тура на Библиотеката за обучувачи пред публика составена од обучувачи и младински работници. На виртуелната тура ќе бидат презентирани и објаснети материјалите кои се прикачени на Библиотеката, како и различните начини на кои може да им користи на обучувачите и младинските работници.

Што претставува Библиотеката за обучувачи?

Библиотеката за обучувачи претставува платформа на која може да се најдат:

  • повеќе од 350 артикли за самостојно обучување на младински работници и обучувачи;
  • артиклите се изработени следејќи го Моделот за компетенции на обучувачи според Европската стратегија за обучување
  • околу 1500 страни со алатки, книги, релевантни извори, видеа и прашања за само-евалуација и рефлексија создадени за следење на процесот на самостојно учење;
  • алатки создадени од искусни обучувачи, младински работници и други соработници од различни Европски земји
  • доброорганизирани, на едно место, категоризирани, лесни за употреба и во најразлични медиуми.

Дали познаваш други младински работници или обучувачи во нашата земја? Покани ги на настанот и помогнете ни да ја прошириме веста за овој одличен проект.

Пријави се тука.

Библиотеката за обучувачи е креирана во рамки на КА2 Еразмус+ проект, финансиран од Германската национална агенција „Jugend für Europa“. Проектот е создаден во партнерство со следниве организации:
– Fundacija Arte Ego (Полска)
– Гоу Грин (Северна Македонија )
– Dinamik Gelesum Dernegi (Турција)
– Development Crew (Литванија)
– Replay Network (Италија)
– NaturKultur e.V. (Германија)

Facebook

Webpage

1 thought on “Виртуелна тура низ Библиотеката за обучувачи (Trainers Library)

Comments are closed.