
Во рамки на проектот “Училишта на сончева енергија“, се организираше конкурс за фотографија/цртеж за онлајн изложба Quarantine creativity.
На конкурсот право на учество имаа средношколци, и се пријавија вкупно 36, од кои 28 беа согласно правилата.
Сите фотографии и цртежи се објавени на ФБ фан страницата на Гоу Грин, каде и ќе се одвива гласањето од 14.04 до 21.04 на полноќ. Ќе се доделат три награди на оние слики со најмногу лајкови, а жири-комисијата ќе одбере дополнително и најдобар цртеж и фотографија.
Изложбата е дел од кампањата за освестување на пошироката јавност за важноста од #училиштанасончеваенергија и предностите од истите за Планетата Земја: помалку СО2.