Седма година по ред Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција!

Оваа година, Часот на планетата Земја се одржa на 19 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак потонаа над 7.000 града низ 170 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

Младите волонтери на Гоу Грин заедно со волонтерите на Црвениот Крст го одбележаа Часот на планетата земја на плоштадот Македонија.

Ова глобално еколошко движење е креирано од WWF (World Wildlife Fund), а поддржано од Обединетите Нации. Целта на овој настан е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.