Согласно одлуките од претходното Собрание (март 2016), а и во насока на подобрување на работењето на организацијата, извршната канцеларија отвора повик за членови. Членови на здружението можат да бидат сите млади луѓе на возраст од 15 – 29 години кои ја споделуваат визијата и мисијата на организацијата и сакаат да бидат дел од работата на здружението, како и досегашните членови и поддржувачи.
Според член 2 од „Правилникот за работа на Гоу Грин“, членувањето во организацијата е во траење од 1(една) календарска година, и тоа од 1 јануари до 31 декември. Сите членови ќе добијат потврда за членство каде ќе бидат наведени податоците за членовите. Со одлуката на претходното Собрание, членарината изнесува 120 денари (член 5). Истите средства можат да бидат уплатени на жиро сметката на здружението: НЛБ Тутунска Банка АД. Скопје, 210065624500160
Потребни документи за регулирање на членството:
1. Пополнета пристапница за членство
2. Потврда за платена членарина
Пристапницата и уплатницата скенирани треба да ги испратите на info@bidizelen.org
Срдечно,
Извршна канцеларија на Гоу Грин
Go Green Skopje
ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 47б, 1000 Скопје
info@bidizelen.org
Жиро сметка:
210065624500160
НЛБ Тутунска банка А.Д. Скопје