Во консултација со граѓанскиот сектор, здружението Гоу Грин изготви коментари по однос на предлог Законот за управување со отпад и предлог Законот за пакување и отпад од пакување.
Главните коментари по предлог Законот за управување со отпад се во насока на:
– забрана на увоз на отпад;
– горење и согорување на отпад освен ако е испочитувана хиерархијата на отпад;
– препознавање на индивидуалните собирачи на отпад и потребата за нивно легитимирање;
– преименување на депонија (онаа која исполнување европски стандарди) во „Центар за управување со отпад“.
Главните коментари по предлогот Закон за пакување и отпад од пакување се во насока на:
– препознавање на пластиката за еднократна употреба и потребата за нејзино намалување;
– ограничување и (идна) забрана за пуштање на пазар пластика за еднократна употреба за транспорт на готвена храна;
– препорака за целосно транспонирање на Директиватата на ЕУ за еднократна пластика.
Во формирање на овие коментари беа вклучени еколошки граѓански организации преку годишната еколошка средба и интернет платформата Еко-сфера. Коментарите беа испратени на 25.12.2019.
Очекуваме повратен одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање за нивно прифаќање или неприфаќање со соодветно образложение.