*Лице в лице е непрофитно, независно улично списание, посветено на универзалните вредности, на социјалната правда, на принципите на еднаквост, демократија и на хуманост. Претставува пионерски чекор на полето на социјалното претприемништво во Република Македонија и е единствено улично списание во земјата.
– Купувајќи Лице в лице им помагате на многумина – повеќе луѓе ќе добијат можност да се тргнат од улицата, која засега им е единствената адреса.
– Читајќи Лице в лице си помагате себеси – на единствен и инспиративен начин ќе сознаете дека светот може да се гледа и со други очи и дека состојбите зависат од нас.