
“Healthy Casal“ ќе биде младинска размена организирана во Сант Џуст Десверн во Шпанија, која ќе вклучува учесници од 4 различни европски земји: Шпанија, Северна Македонија, Хрватска и Германија.
Возраст на учесници: 16 -19 години + 2 лидери 18+
Место: Sant Just Desvern, Шпанија
Датум: од 23-ти јули до 1-ви август 2023 година
Овој проект има за цел да ја крене свеста на младите за благосостојбата вклучувајќи ги менталното, физичкото и емоционално здравје, да ги научи младите на алатки за менаџирање со различни ситуации, да креира безбедна средина за грижа и размена на знаења, да се пренесат знаењата во општеството преку работилници, многу дружба, ангажмант со спорт и учење за емоционалната состојба.
За повеќе информации: infopack
Право на учество имаат само оние коишто ќе завршат еден од нашите курсеви и направат локална еко акција:
– акција за чистење
– садење дрвја
– еко герила акција
– официјален допис до вашата општина за еколошки проблем ( испратете барање за информации од јавен карактер, испратете предлог за идеја, организирајте средба со вашиот службеник за млади итн. )
Може да се инспирирате за идеи од курсевите или доколку ви треба помош, можете да побарате помош од Help Desk за правна, експертска и менторска помош или да ни испратите порака на info@bidizelen.org.