Април 2021 – Декември 2022

Овој процес на застапување се спроведува под програмата за социјална инклузија и зелена економија. Проектот има еколошка и социо-инклузивна компонента и има за цел поставување на систем за примарна селекција на неопасен отпад во станбените згради, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина, намалување на количините на отпад во комуналните контејнери, а со тоа креирање на нови зелени работни места и зголемување на квалитетот на урабаното живеење. 

Втората цел на проектот е формализирање на неформалните собирачи на отпад, нивно интегрирање во системот, здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, зголемување на нивото на безбедност при работа како обезбедување на достоен приход. Процесот е во рамки на програмата Рекономи, регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во Источна Европа, Јужен Кавказ и Западен Балкан.

Овој проект е финансиран од Хелветас.