Првата симулација на конференцијата за климатски промени се одржа на 20.02, каде присуствуваа 20 млади амбасадори за климатски промени. Тие беа поделени во групи и секој од нив доби посебна улога.

  1. Развиени земји и невладин сектор

На преговорите помеѓу развиените земји и невладиниот сектор се зборуваше за позицијата на развиените земји во борбата против климатските промени и за поголемо учество на невладиниот сектор во идентификување на проблеми, имплементирање на активности и донесување на одлуки кои ќе влијаат во процесот на наоѓање на можни решенија. Голем акцент се стави за енергетските задруги и
вклучување на ранливи групи во процесот на формирање и развој на овие енергетски задруги. Дополнително, се дискутираше технологија за складирање на јаглероден-диоксид и обновливи извори на енергија кои ќе овозможат постигнување на климатска неутралност до 2050 година. Младите амбасадори исто така дебатираа на колку финансиски средства треба да бидат издвојувани од развиените земји и во какви фондови овие средства би требало да се насочат. Младите амбасадори работеа на документ и детално го преработуваа според дискусиите кои се кренаа на сесијата преговори.
На втората сесија повторно се дебатираа точките кои останаа неразјаснети во првата сесија како износот на фондот за климатски промени, максималните 1.5 степени целзусови глобално затоплување кои човештвото не би требало да ги надмине и редефинирање на кои извори спаѓаат во обновливи извори на енергија со акцент на хидроенергијата и гасот.

2. Земји во развој и приватен сектор

Делегатите дебатираа околу начинот на споделување на технологијата и знаењето од страна на приватниот сектор со земјите во развој. На крај се дојде до заеднички договор на почеток капитални инвестиции да бидат направени од страна на приватниот сектор во земјите во развој за со тек на време да се прене знаењето и земјите во развој да се оспособат сами да придонесуваат кон декарбонизација и демократизација на енергетскиот сектор преку иновации. Исто така приватниот сектор целосно отстапи од хидро енергијата во корист на сончевата енергија на долги стази. Сепак прашањето околу користењето на фосилни горива беше едно од најгорливите затоа што приватниот сектор веќе има огромни инвестиции направено во тој сектор а земјите во развој исто така се во фаза на преземање на гасот како енергенс, оттука се дојде до заеднички став дека гасот треба д абиде само транзиционен енергенс кон сонларна енергија. 

3. Неразвиени и мали островски земји

На КОП26 Симулацијата, неразвиените земји и малите островски земји преговараа по неколку клучни точки во предлог текстот за усвојување. Страните на Конвенцијата ја проблематизираа годината за достигнување на климатска неутралност, земајќи во предвид дека овие земји веќе ги чувствуваат последиците од климатската криза и моменталниот неодржлив и неправеден систем на експлоатација и горење на фосилни горива. Тие говореа на темите за децентрализација и демократизација на енергетскиот систем со приоритет на енергетска правда за најранливите. Потоа, Страните го проблематизираа и предложениот лимит за глобално затоплување од 2 степени Целзиусови, аргументирајќи дека и со моменталното затоплување (од околу 1.2 степени Целзиусови), овие земји тешко се справуваат со кризата. Поради ова, тие инсистираа на лимитирање на просечната глобална температура под 1.5 степени Целзиусови затоплување во однос на пред индустриското ниво и зголемување на средствата за помош за овие земји за адаптација.И во првиот и во вториот круг дискусиите се одвиваа околу потребата за зголемување и регулирање на определбата и трошењето на средствата од Зелениот климатски фонд, со конкретни предлози за (зголемена) финансиска поддршка од приватниот сектор и развиените земји. Покрај ова, се дискутираше и за потребата за насочување на зелена (проверена) технологија и експертиза кон неразвиените земји и малите островски земји, но со особен акцент на почитувањето и фокусирањето на локалното знаење и локалното зелено претприемништво. Голем дел од дискусијата зафати и согласноста помеѓу страните околу етикетирањето на хидро енергијата како особено штетен извор на енергија за локалните екосистеми и заедници. Се нагласи важноста за брзо оддалечување од гасот како „транзиционо гориво“ и фокусирање на индивидуалните напори на Страните, како и глобалните напори, кон користење на моментално најисплатливите извори на енергија за луѓето и природата, сончевата и ветерната. Истите да бидат користени со претпазливост заради континуираната експлоатација на минерали, особено од неразвиените (експлоатираните) земји, за потребите на глобалниот Север.

Симулацијата на конференцијата за климатски промени СОР26 се организираше во рамки на проектот „Млади амбасадори за климатски промени“ финансиран од Британксата амбасада во Скопје