
Брзата промена во светот не’ принудува да преземеме значајни мерки со цел да се справиме навремено со предизвиците. Еден од позначајните е справувањето со климатските промени. Тие ги менуваат потребите и на пазарот на труд: потребни се зелени работни места. Но што значат тие? Кое образование е потребно за идните генерации да се спремни, образовани и квалификувани за справување со климатските промени?
Три говорници зборуваат на оваа тема, секој експерт од својата област:
▪️ Зелени работни места и иднината на пазарот на труд – Антонио Јовановски, претседател на Биди Зелен
Што се зелени работни места? Како климатските промени влијаат на економијата и пазарот на труд?
▪️ Образование (наставни програми) за одржлив развој – д-р Наталија Ацеска, стручен советник при Бирото за развој на образованието
Која е моменталната состојба со образование за одржлив развој? Во која насока треба да има промени/подобрувања во образованието за одржлив развој? Дали и како климатските промени се вклучени во наставните програми?
▪️ Училишта на соларна енергија (транзиција од јаглен кон солар) – м-р Ангела Најдоска
Зошто промена од екелктрична енергија од јаглен кон соларна енергија? Што значи училиштата да добиваат струја и греење од сонце?
Видео-конференцијата ќе се одржи на 13 мај во 20.30ч. Пријави се 👉 https://forms.gle/
Оваа активност е дел од проектот „Училишта на сончева енергија“.