
Р. С. Македонија, со официјален документ го наведува следниот ревидиран национален придонес:
Во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година.
Овие национални придонеси се дел од заложбите на државите потписнички на Договорот од Париз, за да се исполнат целите на истиот: одржување на зголемување на глобалната просечна температура под 2 ° C над прединдустриските нивоа, настојувајќи да го ограничат зголемувањето до 1,5 ° C.
Овие придонеси се поамбициозни од оние од пред 5 години:
Да се намалат емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива за 30%,односно за 36% при повисоко ниво на амбиција, до 2030 година во однос на референтното сценарио (2015).
Секоја следна верзија треба да предвидува подобри резултати и да е поамбициозна (повеќе да ги намалува емисиите на стакленички гасови во државата) со цел да се задржи растот на температурата на Земјата на помалку од 2 ° С, односно 1,5° С.
Претседателството на Конференцијата за климатски промени на ООН (СОР26) ги повика сите земји да ги ревидираат и да ги поднесат новите поамбициозни национални придонеси. Затоа, 26тата конференција ќе биде од исклучителна важност бидејќи ќе овозможи повторно светот да се обедини и да се заложи за поамбициозни активности кои ќе го спречат катастрофалното затоплување на планетата Земја.
***
Оваа објава е подготвена како дел од кампањата #GoGreenForOurPlanet, во рамки на проектот Млади амбасадори за климатски промени финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.