Јуни 2021 -Ноември 2021 Климарт финансиран, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање

Проектот има за цел да ја подигне јавната свест и да ги едуцира младите за климатските промени, обновливите извори на енергија, транспортот, шумарството и биодиверзитетот. Преку серијал од 5 подкасти на овие теми младите ќе се запознаат со значењето на секоја тема посебно, односно кои се причините, последиците, придобивките, загрижувачките фактори и кои се чекорите што можеме да ги преземеме во врска со последиците од климатските промени.