По повод Светскиот ден за животна средина се одржa конференција за млади на која се презентираа климатските сценарија и последиците за Македонија, Франција и Германија.
Средношколци и студенти од 10 општини присуствуваа на настанот кој вклучуваше работилници, предавања и дебати предводени од Гоу Грин, Сојузот на извидниците во РМ и Извидниците од Франција. Настанот е дел од проектот "Младите за пониски емисии на ЦО2" кој е поддржан од Амбасадата на Франција во Скопје, Конрад Аденауер Фондацијата, АД Цементарница УСЈЕ и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Конференцијата имаше за цел да ги претстави последиците од климатските промени и улогата на младите луѓе и на малите земји во создавање решенија за нивно намалување.
Со овој настан го одбележавме Светскиот ден на животната средина на Обединетите Нации кој се прославува на 5ти јуни секоја година во над 100 земји и вклучува милиони жители од целиот свет.