Гоу Грин повторно организираше марш со гас маски со цел намалување на загадувањето и пренесување на пораки до надлежните институции за преземање на конретни мерки. Барањата и ставот кон загадувањето го изразуваат ставот на здруженијата Гоу Грин, Еко свест, Фронт 21/42 и Реактор.
Итни мерки кои бараме да се преземат се следните:
- Подготовка и објава на листа на бесплатни лекови за респираторни болести наменети за ранливата популација (стари, изнемоштени, болни лица и најмлади);
- Бесплатен јавен транспорт;
- Ограничување на автомобилите чии мотори имаат непотполно согорување на горивото, однос забрана за управување на возила со ЕУРО I, II и III стандард;
- Привремена, делумна или целосна забрана на сообраќајот во поширокиот центар на градот, и воведување на систем на парни и непарни возила (односно режим кога во текот на еден ден може да возат само возила со парен број на регистарската табличка, а наредниот ден оние со непарен број);
- Привремена забрана на користење на службените возила на Град Скопје;
- Зајакнување на контролата и проверката на возилата во Градот за нивната техничка исправност (технички преглед);
- Засилена контрола над градежните зафати преку поставување на соодветна заштитна мрежа околу објектот за намалување на прашината;
- Засилување на инспекцијата над малите и големите индустриски капацитети на територијата на Градот и во случај на идентификација на зголемено загадување, да изрекување на привремена забрана за работа или намалување на обемот и времетраењето на работниот ден на индустрискиот капацитет;
- Примена на течноста „ЦМА“. „ЦМА“ претставува течност (калциум магнезиум ацетат) со која се прскаат површини каде е регистрирано големо присуство на честичките ПM10. Оваа течност се нанесува на коловозите, градилиштата и неасфалтираните површини и има функција на „врзувач на честичките прашина“, со што не им се дозволува да се шират во воздухот. Покрај оваа функција, ЦМА служи и за одмрзнување на коловозите што значи дека може да се користи и во летните и во зимските месеци во годината. Течноста ЦМА е биоразградлива, некорозивна и не е штетна за почвата, воздухот и водата;
Целосниот документ со препораките и системските решенија за намалување на загадувањето можете да го преземете на следниот линк: http://www.ekosvest.com.mk/docs/NGO%20dokumenti/stav_zagaduvanje.pdf
Благодарност до сите што го поддржаа 4тиот марш со гас маски организиран од Гоу Грин. Првиот марш беше оддржан на 18ти декември 2010, сликите може да ги погледнете тука: http://www.gogreen.mk/mk/multimedija/sliki/nastani/103-anti-pollution-marsh-untd4tmrw-take-action-now.html