Престојните локални избори на 17-ти Октомври во С. Македонија се одлична можност за граѓанска вклученост за зазеленување на општините.

За таа цел, во периодот јули-август, младите зелени комсии спроведоа прашалник – Мојот предлог за зелена општина , опфаќајќи 6 општини (Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Прилеп, Куманово).

Прашалникот го пополнија повеќе од 550 млади луѓе кои ги дадоа своите идеи и предлози како нивните општини да станат поеколошки и позелени. Во прашалникот, младите наведуваа конкретен предлог и решение во нивната околина. Подоцна, младите зелени комсии од горенаведените општини ги филтрираа и ги одбраа најдобрите и најсоодветните предлози кои се во надлежност на општината, со цел да им се презентираат на кадидатите и кандидатките за градоначалнци во споменатите општини.

Предлозите за секоја општина посебно може да ги видите на следните линкови:

Младински Барања Кисела Вода

Младински Барања Карпош

Младински Барања Аеродром 

Младински Барања Чаир ( МК)

Младински Барања Чаир (АЛ)

Младински Барања Прилеп

Младински Барања Куманово (МК)

Младински Барања Куманово (АЛ)

Преку  брошурата изработена во рамките на проектот,  младите имаат можност да научат што се зелени општини и дека постојат демократски алатки за вклучување во јавниот дискурс во кој тие можат да направат промена.

Брошура (МК)

Брошура (АЛ)

Овие активности се во рамки на проектот “Младински Дигитален Еко-Активизам за Зелени општини”финансиран од фондацијата Хајнрик Бол во Босна и Херцеговина.

Leave a Reply