
март 2023 – март 2024
Проектот “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” се фокусира на јакнење на капацитети на здружението за вклучување на млади во застапување за климатска акција, со фокус на одржлив транспорт, преку локалните младински совети и младински центри. Транспортот е еден од секторите кој значително влијание врз климатските промени, со тенденција на зголемено учество (побарувачка) во иднина, и исто така сектор кој директно ги засега младите и нивниот секојдневен живот.
Застапувањето и знаењето за климатски промени и одржлив транспорт е недоволно, особено кај младите. Во исто време Законот за младинско учество и младински политики претставува можност за младите да се вклучат и влијаат врз локалните политики преку младинските совети и младински центри во општините кои се задолжителни тела за секоја општина. Преку мобилизација и едукација на млади за климатска акција и одржлив транспорт и нивно поврзување со младинските совети и центри може директно да се врши влијание во Советите на општините и релевантните локални политики (буџети, ГУП-ови итн.)
Проектот ќе обрне особено внимание на ранливите и маргинализирани млади и ученици чии родители доаѓаат од сиромашни семејства, како и на аспектот на човекови (младински) права и родовата еднаквост. Преку проектот ќе се зајакнат капацитетите на здружението за мобилизирање на млади и нивно застапување за климатска акција во општинските младински совети и младински центри со што ќе се унапреди младинското учество и демократијата. На крај, проектот ќе помогне наздружението во јакнење на капацитетите за стратешко планирање и ќе креира стратешки план за следните три години.
Цели:
- Стратешко зајакнување на младинската мрежа и вклучување на младите во застапување на локални климатски политики, со фокус на одржливиот транспорт
- Вклучување на млади во застапување на локални климатски политики
- Зајакнување на капацитети во застапување за климатска акција и одржлив транспорт
- Изготвување нов стратешки план и програма на здружението
Проектот “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” e во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, МЗМП и CVNP поддржан од Владата на Шведска.