Април-Октомври 2020

Загаденоста на воздухот во Северна Македонија сеуште е на високо ниво и нема да се реши во најскоро време. Климатските промени се исто така проблем што погодува многумина, но младите луѓе и пошироката јавност не го сфаќаат сериозно. Ниската свест за климатските промени и нејзините ефекти се должи на недоволна застапеност во образовните програми. Климатските промени како тема не се воопшто или многу малку се присутни во образовните програми во основните и средните училишта. На ниво на инфраструктура, ниската енергетска ефикасност на училишните згради и нивното затоплување кои доаѓаат од фосилни горива (гас, нафта) не се добар пример за еколошката свест кај учениците. Но, тоа зависи од добра основа за активизам за животната средина.

Младите, членовите на Go-Green-мрежата се подготвени да истражат повеќе и да научат за климатските промени и квалитетот на воздухот, а во исто време сакаат да се подоби формалното образование на овие теми.

Овој проект ќе се насочи кон училиштата и образовниот систем и ќе ја нагласи важноста на енергетска ефикасност на училишните објекти и користењето соларни термички колектори за греење и електрична енергија. На крај, ние ќе бараме образованието за климатските промени и квалитет на воздухот да се интегрира длабоко во образовниот систем. Барањата ќе бидат поддржани со детално истражување и анализи и активности за подигнување на свеста и застапување.

Компонента 1 Истажување и анализа на програмите и ефектите од обраовниот систем во контекст на климатските промени и темите поврзани со квалитетот на воздухот.

Компонента 2 Подигање на свеста, едукација и барање поддршка

Овој проект е финансиран од фондацијата Хајнрик Бол во Босна и Херцеговина.

Напишете коментар