Во саботата, 20 февруари се одржа првата симулација на Конференцијата за климатски промени на ООН, на која присуствуваа младите амбасадори за климатски промени.

На отворањето збор зедоа д-р Теодора О. Грнчаровска, државен советник за климатски промени во МЖСПП, британската амбасадорка Рејчел Галовеј како и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Младите работеа во три групи, секој со соодветна улога според самата Конференција за климатски промени.

Група 1: Неразвиени земји и мали островски земји

Група 2: Развиени земји и невладин сектор

Група 3: Земји во развој и приватен сектор

Симулацијата се организира во рамки на проектот „Млади амбасадори за климатски промени“ финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Напишете коментар