Проектот „Младински дигитален еко-активизам“ има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во предизборниот период на локалните избори, да дадат предлози за зелени општини и истите да бидат промовирани на социјалните медиуми и преку промоција на разни дигитални содржини да се добие поддршка од што повеќе млади за да кандидатите градоначалници ги прифатат зелените предлози во нивната програма.

За таа цел, ги повикуваме младите од општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Прилеп, и Куманово да ги споделат нивните предлози за зелени општини поврзани со : зеленило, алтернативен транспорт, биодиверзитет, енергетска ефикасност и независност, обновливи извори на енергија, одржливост, зелена економија, зелени работни места, еко-земјоделие итн.

Прашалникот може да го пополните тука.

* Прашалникот е исклучиво наменет за лица помеѓу 15 и 29 години кои, согласно Законот за младинско учество и младински политики, влегуваат во категоријата на млади луѓе.

Проектот е спроведен од Гоу Грин Скопје, а финансиски поддржан од Фондацијата Хајнрик Бол во Сараево.