Во периодот од 28 до 30 јуни во Хотел Бисер во Струга се одржа основачкото собрание при што се формираше Националниот младински совет.
На собранието беше изгласано раководството на Националниот младински совет при што за претседател беше изгласана Ивана Давитковска (ЦИД), потпретседател Дона Костуранова (МОФ) и членовите на управниот одбор меѓу кои: Антонио Јовановски (Гоу Грин), Горан Георгиев (Сојуз на извидници на Македонија), Арбен Ристеми (Центар за развој на заедницата), Даниел Калајџиески (ХЕРА) и Иван Јованов (Младите можат).
Националниот младински совет произлезе како резултат на иницијативата за основање на ова национално тело кое во периодот февруари-мај 2013 оствари широк консултативен процес со организациии на 10 јавни дискусии низ целата земјa каде беше дискутирана потребата на основање на НМС, но и беа согледани потребите на сите младински организации низ земјата. Иницијативата беше започната од 16 невладини организации, додека Гоу Грин беше интегрален дел на иницијативата од самиот почеток.
Основната улога на НМС ќе се состои од претставување на потребите и интересите на младите и младинските организации, развој на капацитетите на младинскиот сектор, промоција на младинското учество и активно граѓанство, како и застапување и делување во името на младите. Во пракса, претставничкото тело како национален совет за млади, е она кое треба да ги зацртува и дискутира младинските политики, и да биде партнер на инситутциите во процесите на консултација и донесување на одлуки поврзани со младите.