Додека возрасните се собираат на предновогодишни after-work журки во кафееани, Училишната заедница заедно со Биди Зелен клубот од „Никола Карев“ на 27 декември ја организираа најголемата предновогодишна after-school свирка.

Добра организација повикува и добра публика. Толпа од млади ентузијасти го наполнија фоајето на гимназијата за да уживаат во добрата атмосфера од бендовите и активностите и можностите за Младинска картичка од Агенцијата за млади и спорт.

Влезот: две пластични шишиња или една празна батерија. Со гордост може да кажеме дека се собраа 16.5 килограми пластични шишиња (околу 550 пластични шишиња) и 15 кг батерии.

Целта на овие активности или акции е освестување за селекција на отпадот кај младите, а со тоа и намалување на секударните суровини на депониите.

Напишете коментар