World Clean up Action, или Светската акција за чистење ќе се одржи на 21 септември (сабота). На овој ден, Милиони луѓе од 157 држави ќе се вклучат во борбата против отпадот на улиците, реките, плажите, планините и сите други места каде има несовесно отстранет отпад..

Учесник на акцијата може да биде кој било граѓанин, група граѓани, општина, училиште, компанија, медиуми итн. Доколку сакате да се приклучите на акцијата, и да допринесете за почиста Земја, пријавете се на следниот линк.

Тимот на Гоу Грин ќе ве поврзе со општината и со други учесници кои ќе дадат поддршка на акциите за чистење. Let’s Do it World дава поддршка со графички дизајн и комуникациски пораки за помалку отпад, поддршка од институции и промоција на акциите.

Преку чистењето на ѓубрето, целта на настанот е да се подигне свеста за отпадот во светот, како и да се насочат земјите кон поодржливи решенија – вклучувајќи промена во потрошувачките навики. Со вклучување кон оваа акција, се стремиме не само кон почиста околина, туку и кон поцврсти заедници, соработка и подобра иднина.

Република Северна Македонија е дел од мрежата Lets do it  од 2011 година, со основањето на Асоцијацијата „Ајде Македонија“, каде Гоу Грин беше ко-основач заедно со уште 5 други невладини организации.  Директорот на Go Green, Антонио Јовановски, беше првиот претседател на„Ајде Македонија“ (2011-2014), а воедно е и овогодинешниот претставник на нашата држава за овој настан.