Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот Млади амбасадори за климатски промени“ објавува повик за ангажирање експерт за климатска дипломатија кој ќе се јави како автор на прирачник, ќе одржи обука за климатска дипломатија и ќе дејствува како ментор на младите амбасадори за климатски промени. 

Краток опис на проектот: 

Проектот има за цел да ги едуцира младите за климатска дипломатија, да креираат младински барања за климатски промени и да ја развие свеста во земјата за важноста од амбициозни цели за 26-тата конференција за климатски промени на ООН (COP26). Преку обуката за климатска дипломатија, кампањата за климатските промени, како и симулацијата на Конференцијата, младите луѓе како и пошироката јавност ќе се запознаат со преговарачките процеси за климатски промени, начинот на доставување младински барања, важноста од националните придонеси и Конференцијата за климатски промени на ООН што ќе се одржи во ноември 2021 во Глазгов, Шкотска.

Опис и обем на работните задачи на експертот: 

1.Изработка на Прирачник за климатска дипломатија на македонски јазик, со рок до 31/11/2020;

Прирачникот треба да се состои од 2 дела: во првиот дел треба да се објаснат климатските промени, нивните последици и одржливот развој, а во вториот дел треба да го обработи процесниот, формалниот дел за тоа како се одвива самата Конференција за климатски промени на ООН (COP). Прирачникот ќе биде употребен за онлајн обука за климатска дипломатија како и за симулација на конференцијата. Прирачникот треба да биде прилагоден за младите (youth friendly).

2. Обучувач на онлајн обуката за Климатска дипломатија (1 ипол ден во втора половина на ноември). 

Курсот е наменет за 20 млади од државата, кои подоцна ќе бидат дел од Симулацијата на Конференцијата на ООН за климатски промени (COP). Курсот ќе биде во времетраење од 3 дена во текот на декември 2020.

3. Подготoвка на фасилитаторите за климатска дипломатија (2 дена во февруари). 

Да направи обука на 4 фасилитатори кои ќе ја реализираат Симулацијата на Конференцијата на ООН за климатски промени (COP).

4. Да изготви извештај за сработеното на англиски јазик. 

 

Временска рамка и финансиски надомест: 

Експертот кој ќе биде избран по пријавување на овој повик, ќе биде ангажиран во времетраеење од 4 месеци. Финансискиот надомест ќе биде 48 270 мкд, бруто. 

 

Потребни квалификации 

Kандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • да има завршено високо образование;
  • искуство во работа и следење на политики за климатски промени на домашно и меѓународно ниво  
  • искуство во пишување трудови од областа на климатските промени, одржлив развој и  Конференцијата за климатски промени на ООН (COP);
  • искуство и работа со млади и неформално образование, обучувач и тренер (пожелно)

 

Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  1. Претходно искуство во спроведувањето на слични активности – 60 бодови,
  2. Предложена Методологија за работа – 30 бодови,
  3. Предложена цена за ангажманот 10 бодови (пониските износи добиваат повисок број на бодови).

Вкупно 100 бодови.

Потребна документација 

Понудата треба да го содржи следново:

  • Кратка биографија (CV),
  • Методологија за работа,
  • Финансиска понуда.

Рок за пријавување 

Рокот за пријавување е најдоцна до 10ти ноември 2020 до 16 часот на следната емаил адреса: vafire@bidizelen.org,на истата може да поставите и дополнителни прашања со назнака Апликација за Експерт за изработка на Прирачник. 

Проектот е финансиран од Британска Амбасада во Скопје.