Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин – Скопје во рамките на проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ има потреба од обучувачи за обуката „Влијание во областа на образованието за енергетска ефикасност“ која ќе се одржи од 9 – 12 март во Скопје.
Цел на обуката:
Да серазвијат капацитетите на локалните партнерски здруженијана граѓани во креирањето на образовни политики за клима и енергетска ефикасност, преку спроведување на обуки во следниве области:
– ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија
– Стратегија за комуникации и односи со јавност
– Застапување и лобирање на локално ниво
– Планирање и менаџмент
Профил на учесници:
20 учесници на различна возраст од раководните тела на 10 локални здруженија од 5 различни општини кои работат на полето на заштита на животна средина, образование и креирање на политики.
• Познавања од некоја од горе споменатите области (клима и енергија 20/20/20, образование, застапување и лобирање)
• Докажана способност за пренесување на знаења
• Искуство во примена на разновидни методи на обука
• Способност за тимска работа
• Одлични комуникациски вештини
• Одлично познавање на англискиот јазик
– Развивање на едукативна програма, план на сесии и материјали за четиридневната обука
– Спроведување на обуката;
– Проценување на обуката;
– Подготовка на краток извештај кој ќе биде доставен до проектниот менаџер,не подолго од 10 работни дена по завршувањето на обуката.
Технички податоци:
Обуката ќе трае 4 (четири) дена од 9ти до 12ти март во Скопје. Салата за обука ќе биде дополнително одредена. Обуката се спроведува во рамките на проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“, финансиран од Европската Унија, кој ќе се спроведува до месец јуни 2017 год.
Надоместок:
На обучувачот/обучувачката за остварувањето на работните задачи ќе му/ѝ бидат исплатени 9900,00денари (бруто износ), од страна на Здружението Гоу Грин.
Начин на пријавување:
Доколку сте заинтересирани да се пријавите, ве молиме да ја испратите вашата биографија (CV), писмо за мотивација и кратка програма за обука, на следната електронска адреса:info@bidizelen.org
Краен рок за пријавување е 28.02.2017
За подетални информации контактирајте го: Александар Трпковски, проектен менаџер, на електронската адреса: aleksandar@bidizelen.org