
Гоу Грин објавува повик за проектен менаџер за младински еко-активизам. Сите заинтересирани да се пријават до 11.03.2021 со пополнување на он-лајн прашалникот или со испраќање на кратка биографија со контакт податоци и кратка мотивација до 200 збора на milajovanovska@bidizelen.org
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот има за цел:
- да се активираат младите да достават барања за зелени општини до кандидатите градоначалници во пресрет локалните избори, и
- да се направи јавен притисок за нивно потпишување.
Предвидени активности: (проект менаџерот ќе биде вклучен во финализирање на активностите)
- Обука на младински еко-активисти
- Организирање на младински еко-форуми во општините
- Прибирање на визии на младите за зелени општини
- Публикација за инспирација (зелени општини во ЕУ)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА
- Првично ангажирање на договор на дело
- Финансиски надомест зависно од искуството на кадидатот/ката
- Флексибилно работно време
РАБОТНИ ОБВРСКИ
- Следење на проектот
- Организирање активности (младински форуми) во неколку града
- Соработка со тимот за комуникација
- Изготвување периодичен и завршен извештај на англиски јазик
КВАЛИФИКАЦИЈА
- Завршено високо образование
- Познавање од демократија и младински активизам
- Искуство во младински сектор
- Искуство со менаџирање проекти
- Познавање на еколошки теми е предност
- Познавање на англиски е задолжително
- Познавање на албански е предност
За дополнителни прашања контактирај ја Мила Јовановска на milajovanovska@bidizelen.org