Врз основа на член 13 од Статутот на „Гоу Грин“ Ве покануваме на редовното изборно Собрание на Здружението „Гоу Грин“. 

Собранието ќе се одржи на 22.03.2016 во 18:30 часот во просториите на „Младински клуб“ на ул. Македонија бр.31, втори спрат, стан 2.

 

За работа на Сoбранието го предлагаме следнот дневен ред:

– утврдување на работни тела и кворум на Собранието

1. Усвојување на дневен ред на Собранието

2. Усвојување на записник од Собранието на Гоу Грин од март 2015 година

3. Годишен наративен извештај за 2015 / преглед на активности

4. Годишен финансиски извештај за 2015

5. Извештај на работата на Управниот одбор на Гоу Грин

5.1  Предлог промена на структура

6. Приоритети на Гоу Грин за период 2016 – 2017

7. Меѓународно проширување / мрежа на Гоу Грин

8. Апликативни промени во Статутот на организацијата.

9. Разно

 

Срдечно,

Тимот на Гоу Грин