Според член 13 став 4 од Статутот на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје ве поканувам да земете учество на редовното годишно Собрание на „Гоу Грин“ кое ќе се одржи во среда на 29 март 2017 година, со почеток во 18:30 часот, во просториите на Гоу Грин, со адреса: „Кукушка“ број 4а во Скопје.
На собранието ќе се дискутира по следниот предлог дневен ред:
– Избор на претседавач и работни тела на Собранието
1. Усвојување на записникот од Собранието на Гоу Грин, одржано на 22 март 2016 год.
2. Преглед и извештај за работата на Гоу Грин за 2015 година
3. Финансиски извештај за работата на Гоу Грин за 2015 година
4. Преглед и извештај за работата на Гоу Грин за 2016 година
5. Финансиски извештај за работата на Гоу Грин за 2016 година
6. Извештај на Претседателот и Извршниот директор на Гоу Грин– тековна состојба, проекти, трошоци за управување со организацијата и активностите
7. Избор на членови на Управен одбор на Гоу Грин за период 2017-2019 година
8. Избор за Претседател на Гоу Грин за период 2017-2019 година
9. Предлог дополнувања и измени во Статутот на Гоу Грин
10. Претставување на Стратегискиот план на здружението Гоу Грин за период 2017-2019 година
11. Предлог годишен план на Гоу Грин 1 март 2017 – 1 март 2018
12. Приклучување во меѓународни мрежи (CAN Europe)
13. Разно
Според став 5 од горенаведениот член, сите членови на Гоу Грин можат да предложат нови точки за дискусија на Собранието, но не подоцна од понеделник, 27ми март 2017 година до 18:00 часот.
На Собранието се одлучува јавно со дигање на рака, а право на глас имаат сите регистрирани членови со платена членарина. Доколку ја немате подмирено членарината за 2017 година, Ве молам контактирајте го Антонио Јовановски, извршен директор на Гоу Грин, за навремено регистрирање како делегат со право на глас.
Материјалите кои произлегуваат од предложените точки за дискусија на Собранието ќе Ви бидат доставени најдоцна во понеделник претпладне на 27 март.
Со почит,
Претседател на Гоу Грин, Скопје