
Во рамки на проектот Млади за образование за климатски промени и квалитетен воздух, Гоу Грин се залага за подобрување односно интегрирање на образованието за климатски промени во основните училишта. За таа цел се анализираат на наставните програми на деветогодишното образование и се прегледуваат содржините на сите учебници со цел да се анализира застапеноста на темите за климатски промени и квалитетен воздух.
Во тек е прашалникот за мислење за образование за климатски промени за наставници во основно образование, ученици кои завршиле деветолетка како и за родители чии деца се во основно или завршиле деветолетка.
- За наставници во основно образование – тука.
- За ученици кои завшиле деветгодишно основно образование – тука.
- За родители – тука
Прашалниците се отворени до 19.07 (недела)
Овој проект е дел од залагањата на Гоу Грин за образование за климатски промени и енергетски ефикасни училишта. Поддржете ја иницијативата со потпишување на петицијата.