Идејата за здружението Гоу Грин се роди во студентска соба во Амстердам. Поминаа десет години од разговорот во студентска соба во Амстердам помеѓу Антонио Јовановски и Борис Манев, амбициозни млади кои ја зачнаа идејата за младинска организација која ќе го помогне во зачувувањето на животната средина преку еколошко освестување, развивање вредности и принципи за одржлив развој.

Семето на Гоу Грин веќе е израснато во стабилно дрво, и Гоу Грин е доброетаблирана и успешна младинска еколошка организација. Но, која е приказната за почетокот на Гоу Грин?

Раѓањето на идејата за Гоу Грин

Во 2009 година, двајца млади личности сакаат да направат позитивна промена во својата земјататковина, па решаваат своето искуство стекнато во странство, да го пренсат во основање на организација. Визијата е да биде редионална мрежа која ќе ги застапува интересите на младите и животната средина во Брисел, Белгија. На 01.02.2010 официјално се основаше Гоу Грин Скопје, а паралелно се одвиваше и процесот на основање на Гоу Грин во Брисел, Белгија

Уште на самиот почеток визијата на организацијата е ги поврзе младите и животната средина, односно да се креира маса на младински еко-активисти кои ќе бидат носители на позитивната промена за еколошка свест и подобра животна средина. 

 

Биди Зелен кампањата и создавањето на Биди Зелен мрежата

Здружението Гоу Грин започна со „Биди Зелен„ кампањата. Тоа беше првиот проект за промовирање на организацијата и активирање на младите. Целта на кампањата беше едукација преку музика, па затоа и се направи песна за промовирање на концептот на одржлив развој и еколошко освестување,Слаткаристика и Тони Зен.

Првата група на дваесетина волонтери беа од средно медицинско училиште Панче Караѓозов, со кои се спроведе едукативната кампања за екологијата и одржливиот развој низ сите средни училишта во Град Скопје, потпомогнато со „Биди Зелен“ списание. 

Биди Зелен кампањата заврши со голем концерт во Градски Парк на кој учествуваа познати бендови и музичари (Паркети, Слаткаристика и Тони Зен), а го посетија илјадници средношколци и млади. Со овој младешки пристап, средношколците се инспирираа и мотивирааа да се приклучат и да станат дел од здружението Гоу Грин. 

Потоа средношколците се организираа во таканаречени „Биди Зелен“ клубови низ средните училишта, кои ја формираа Биди Зелен мрежата.

10 години Гоу Грин

Младите и образованието за одржлив развој и климатските промени сѐ уште се главните стратешки области и по 10 години од основањето. Низ годините, Биди зелен мрежата им овозможи на илјадници млади од повеќе градови во земјата да се едуцираат и да развиваат еколошка свест, а преку демократското работење да ги застапуваат еколошките ставови на младите. 

Од особено значење и голема гордост на Гоу Грин е „Гоу клин“, проект со кој се воспостави систем за отпадни батерии низ целата држава и ден-денес функционира. 

Гоу Грин е иницијатор на Aсоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија!“ или „Let’s Do It Macedonia!“ што е дел од глобално движење Let’s Do It!. Исто така во 2011 Гоу Грин ја формираше и Платформата за младинска одржливост која беше неформална коалиција на младински активистички здруженија како МОФ, Сојуз на извидници, АИЕСЕК, Гоу Грин, Младите Можат, Еко Тим-Исток, кои што се залагаа за одржливиот развој и заштита на животната средина. Гоу Грин е исто така една од основачите на Националниот маладински совет, кое што денеска е најрелевантното репрезентативно тело за младите. 

Денес, Гоу Грин има претставништва во Осијек, Хрватска , исто така и во Брисел, Белгија, а во зачеток е формирање и на здружение во Сараево, БиХ.  

Среќни сме што нашиот придонес е значаен, особено кај младите и продолжуваме да работиме со полна пареа и да инспираме позитивна промена.

Поздрав и останете зелени!

Напишете коментар