Пресметката на јаглеродниот учинок може да биде комплексна анализа на целокупната слика на потрошувачка на енергија. Моделот за пресметка на јаглеродниот учинок за училишта претставува алатка со цел учениците да ја сфатат логиката на формирање на јаглеродниот учинок и истата не е прецизен инструмент за определување на јаглеродниот учинок.

Со оваа алатка сакаме да поттикнеме преземање на поголеми мерки за зголемување на енергетската ефикасност во училиштата, како и користење на сончевата енергија како енергенс за струја и топлина. Покрај тоа, сакаме да придонесеме за развивање на еколошката свест и образованието за одржлив развој, со фокус на климатските промени на сите нивоа на образованито.

Пресметката на јаглеродниот учинок се извршува во самата алатка, преку користење на влезните параметри. Откако ќе се внесат потребните податоци кои се влезни податоци, програмот на база на одредени релации и формули кои се дефинирани го пресметува јаглеродниот учинок и ни го дава како резултат, т.е излезна информација. Дополнително е дадена опција на пресметка на намалување на јаглеродниот учинок ако се инсталираат соларни панели за произвдство на електрична енергија.

Прирачникот може да го преземете тука.

Алатката може да ја преземете тука.