Целта на овој прирачник е известување за променета законска регулатива и зголемената одговорност на засегнатите страни. Во неа се обработени одредби од Законот за управување со отпад, каде јасно се потенцира хиерархијата во управувањето со отпад, кој и како се врши стратешко планирање во управувањето со отпад, обработка на што треба да содржат стратешките документи и планови. Опфатен е и делот со условите за стекнување уверение за Управител на отпад, Виш Управител – кој се јавува како потреба за изработка на планските и стратешките документи.

Овој прирачник е подготвен во рамки на проектот „Нови закони – нови правила“, имплементиран од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин Скопје“ а поддржан од Владата на Република Северна Македонија

Прирачникот може да го прочитате тука.