Денес на15.10.2020 во СУГС Никола Карев Скопје беше одржана панел дискусија на тема  „Сакаме образование за климатски промени и училишта на соларна eнергија“.

 

На дискусијата беа изведени заклучоци во врска со образованието за климатски промени во формалното образование во РСМ, меѓу што Мила Јовановска од Гоу Грин потенцираше дека: Идните генерации мора да научат и да знаат како да ги ублажат и како да се адаптираат на последиците од климатските промени, затоа образованието за климатски промени во рана возраст е од исклучителна важност. Истото не е застапено во наставните програми и учебници и зависи од волјата, искустовто и мотивацијата на наставникот. Потребно е одговорните институции да ги ревидираат наставните програми, да овозможи соодветен и ажуриран материјал за наствниците и учениците.“

 

Извршниот директор на МОФ, особено стави фокус на младинската проактивност: „Од исклучителна важност е младите луѓе да се залагаат и застапуваат за квалитетни мерки и политики и да бидат препознаени и вклучени од страна на државните и образовните институции. Младите покажуваат особена иницијатива кога станува збор за ефектите предизвикани од климатските промени и енергетската ефикасност и одржливост и преземаат голем дел од товарот кој всушност ја засега целокупната македонска јавност. Овие напори мора да се признаат и уважат преку вклучување на младите во процесите на донесување одлуки.“

 

Моника Накова, дипломиран електроинжер по електротехника и информациски технологии, од направените анализи на енергетската ефикасност на одредени седни училишта од Куманово, Скопје и Прилеп истакнува: „Тековните состојби на старите објекти меѓу кои и средните училишта, резултираат со ниска енергетска класа, голема потрошувачка на енергија и висок јаглероден отпечаток. За успешно намалување на емисиите на јаглерод и потрошувачката на енергија и воедно намалување на климатските промени потребно е класичните традиционални извори на енергија и снабдувања да ги замените со обновливи извори на енергија како фотоволтаичните ситеми и пронаоѓање на механизми за нивна подршка и инсталација како што се енергетските задруги.“

 

Исто така, беше презентирано и видеото кое има за цел да ги информира учениците како и пошироката јавност за начинот на пресметка на јаглеродниот учинок и намалување на истиот.

Панел дискусијата беше организирана во рамки на проектот „Сакаме Соларна Енергија“, финансиран од ЕУ. Целта на проектот е да создаде мрежа на средношколци кои активно учат и вршат јавен притисок врз надлежните институции за поголема застапеност на сончевата енергија и образованието за климатски промени. Во проектот беа вклучени средношколци од Скопје, Куманово, и Прилеп, кои своето заложување за образование за климатски промени и одржлив развој го покажаа и преку петицијата која ја потпишаа и ја промовираа помеѓу нивните врсници.