На 15 јуни 2017 во хотел Холидеј Ин во Скопје, компании од градежниот сектор ќе нудат пракса и вработување за младите кои се заинтересирани за кариера во секторот на енергетска ефикасност. Разгледајте ја програмата и пополнете ја апликацијата за учество на панел дискусиите и саемот на компании:
АПЛИКАЦИЈА ‖ ПРОГРАМА
„Форумот за зелени работни места и еколошко образование “ веќе 4 години по ред е единствениот настан во Македонија каде младите можат да се информираат за можностите во еколошкото образование, професионална обука, пракса и работа во областиите кои придонесуваат за заштита на животната средина. Оваа година форумот има за цел да понуди работа и пракса за младите во секторот енергетска ефикасност и да отвори дебата за моменталната состојба во средното стручно образование.
Форумот е дел од кампањата #ФатиЗанает која има за цел да отвори дијалог за потребите на пазарот на трудот во секторот енергетска ефикасност и да поттикне интерес кај младите за изучување на стручно образование и вработување во градежниот сектор. Кампањата е дел од проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“, финансиран од Европската Унија во рамки на IPA 2 Multi-Country Civil Society Facility & Media Programme 2014-2015 и програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската Агенција за развој и соработка.