Здружението за оджлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин- Скопје во рамки на проектот „Физибилити студии за изградба на соларна централа на кровови на основни училишта во скопски плански регион во 35 училишта од 15 општини“, поддржан од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа, објавува јавен оглас за прибирање на понуди за изработка на 35 (триесет и пет) физибилити студии за изградба на соларна централа на кровови на основни училишта во скопски плански регион во 35 училишта од 15 општини“.

  1. Опис на проектот и предмет на набавката

Целта на проектот „Физибилити студии за изградба на соларна централа на кровови на основни училишта во скопски плански регион во 35 училишта од 15 општини“ е е да се одреди потенцијалот за инсталација на соларни панели на покривите на училиштата, со цел да се промовираат обновливите извори на енергија, да се намалат трошоците за енергија и да се придонесе за поодржлива иднина.

2. Предмет на набавка

Предмет на набавката е изработка на 35 (триесет и пет) физибилити студии за изградба на соларна централа на кровови основни училишта во скопски плански регион во 35 училишта од 15 општини“. 

Начинот на работа и изборот на училишта ќе биде дополнително договорен со Гоу  Грин Скопје.

Содржината на физибилити студиите опфаќа:

  • Правна рамка
  • Финансиска рамка
  • Методологија
  • Показатели за инвестициона ефикасност со податоци од објектот
  • Други релевантни тематски делови

3. Надомест

Вкупниот надомест за извршената услуга не може да ја надминува сумата од 3,000,000 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето ќе се изврши по издадена фактура на следниот начин: 20% по потпишување на договорот и 80% по финалното одобрување на физибилити студиите од страна на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа и префрлање на преостанатите средства од проектот на проектната сметка  на Здружението за оджлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин- Скопје.

4. Сопственост

Физибилити студиите кои ќе произлезат од проектот во однос на интелектуалната сопственост ќе бидат отстапени на Договорниот орган односно на Бирото за регионален развој на РСМ.

5. Рок на испорака

Физибилити студиите од точката 2 треба да бидат изработени и одобрени најдоцна до 15 октомври 2024 година.

Избраниот понудувач може самиот да го организира времето и рокот на изработка на физибилити студиите, со почитување на крајниот рок за завршување на услугата.

6. Право на учество

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице- понудувач.

Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за набавка може да учествува само со целосна понуда за набавката.

7. Изготвување и поднесување на понудите

Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во овој повик.

Секоја понуда треба да содржи:

  1. Финансиска понуда (изразена во денари со вклучен ДДВ)
  2. Работен план 
  3. Тековна состојба на правното лице
  4. Работна биографија со релеватно искуство од експертите 
  5. Пропратно писмо

Понудата треба да се достават до канцеларијата на Здружението Гоу Грин- Скопје (ул. Кукушка 4а). 

Заинтересираните понудувачи своите понуди треба да ги достават во затворен коверт со назнака „Физибилити студии за 35 училишта“ 

Понудите треба да се достават најдоцна до 02.02.2024 година до 16:00 часот.

8. Процес на селекција и бодување

За носител на набавката ќе биде избран понудувачот чија понуда е комплетна и навремена, како и оценета како најповолна, односно која ќе освои најголем број бодови, според следните критериуми:

  1. Понудена цена (најмногу 40 бода)
  2. Евалуација на работните биографии на ангажираните лица од страна на понудувачот (најмногу 20 бода)
  3. Евалуација на времетраењето за изработка (најмногу 40 бода)