Во рамки на залагањата на нашето здружение за енергетски ефикасни училишта и зголемено образование за климатски промени  организираме интернет-конференција* на 9 јуни, со почеток во 10:00 часот, на тема „Енергетски ефикасни училишта“.

Конференцијата е наменета за претставници од општините, наставници, ученици како и училишната администрација и ќе има за цел да ги поттикне истите да земат поактивно учество во зголемување на енергетската ефикасност во нивните објекти. Клучни прашања се:

✓ Кои се придобивките за училиштата од зголемување на енергетската ефикасност?
✓ Кои се можностите за финансирање на мерки за енергетска ефикасност за општините и училиштата?
✓ Кои обврски и придобивки ги носи новиот Закон за енергетска ефикасност за општините и училиштата?

На конференцијата, релевантни претставници и експерти ќе споделат искуства од училишта кои имплементирале мерки за ЕЕ, ќе се разговара за пристап до финансии, како обврските и придобивките кои произлегуваат од законската регулатива и улогата на училиштата и општините.

За учество, пријавете се тука. Ќе ви биде испратен мејл со линкот за пристапување до конференцијата.

*Целосната видео-конференција ќе се снима и ќе биде објавена на нашите интернет профили