Во периодот од 10-ти до 18-ти септември, волонтерите на Гоу Грин во Скопје, ги анкетираа средношколците од средните училишта Орце Николов, Раде Јовчевски Корчагин, Јосип Броз Тито, Никола Карев, Здравко Цветковски, Боро Петрушевски и Марија Кири Склодовска, за нивното мислење околу електричниот тротинет.

Анкетата беше спроведена во рамки на „Европската недела на мобилност“ која има за цел промоција на алтернативните форми на транспорт. Младите активисти од Гоу Грин се вклучени во Биди Зелен Мрежата, која е поддржана од фондацијата Хајнрик Бол Штифтунг и Град Скопје.

Документот може да го преземете тука.

Главните заклучоци и препораки кои се донесоа се следните:

Електричните тротинети треба да се регулираат според велосипедските правила и знаци и да се возат исклучиво по велосипедски патеки.

Брзината со која се движат електричните тротинети треба да биде регулирана однсно тие да се движат во населени места со брзина од 10 до 15км на час

Со цел да се заштитат себе си им се препорачува на возачите на електричните тротинети да се заштитат себе си носејќи кацига и облека од рефлективен материјал

Потребно е да се обезбедат посебни безбедни јавни места за паркирање на електрични тротинети

Средношколците, во принцип, изразија позитивно мислење за користење на електричните тротинети и нивно поттикнување како средство за транспорт.

За повеќе информации и прашања околу анкетата, пишете ни на info@bidizelen.org