“#Училиштанасончеваенергја е иницијатива 👉 http://chng.it/gnyGvkyMTb од средношколците по објавените резултати за тоа колку СО2 испуштаат нивните училишта. Потписите и барањата од петицијата понатаму ќе се проследат до надлежните институции.

Имајќи ги предвид потрошувачката на електрична енергија, енергенсите за греење (нафта, дрво) и енергетско-ефикасноста на самиот објект, алатката за пресметка на јаглероден учинок го пресметува емитирањето на јаглеродниот диоксид на објектот. Исто така, има можност да се пресмета и за колку ќе се намали СО2 со инсталирање на солар-термал колектори.

Оваа активност беше спроведена во рамки на истоимениот проект „Училишта на сончева енергија“.