Во истражувањето опфатени се: анализа на наставните програми и учебниците по предметите, како и прашалник за мислењето на наставниците во основно образование. Методологијата на истражувањето се состои од примарно и секундарно прибирање на  податоци, односно спроведување квалитативен прашалник за наставниците, родителите и учениците, како и деск анализа на наставните програми и релеватни документи поврзани со образованието и климатските промени.

Истражувањето ќе послужи како основа за понатамошно промовирање на образованието за климатски промени за негово
подлабоко интегрирање во наставните програми во основното образование.

Ова истражување е дел од проектот „Младите за образование за климатски промени и квалитетен воздух“, финансиран од Фондацијата Хајнрих Бол во Босна и Херцеговина, а спроведуван од Здружението за одржлив развој и заштита на животната
средина Гоу Грин Скопје.

Истражувањето може да го преземете тука.

Кратката верзја може да ја преземете тука.