Изминатиов период, тимот на Гоу Грин во координација со средношколците и општините на Куманово, Гостивар, Кичево, Тетово, Битола и Прилеп ги одреди локациите за одбележување на Светската акција за чистење на 21 септември (сабота).

Локациите каде има несовесно одложено ѓубре беа предложени од самите граѓани и од општините. Доколку сакате да се приклучите на некоја акција во овие општини, погледнете ги локациите и времето на чекање, и местата кои ќе се чистат:

21 септември (сабота)

Град Локација Почеток Лице за контакт
Скопје Средно Водно, околу манастирот Св. Богородица

(чекање на паркингот кај „Хотел Водно“)

10ч Антонио 070245413
Куманово Поаѓање од пред средното училиште Перо Наков

Чистење на околните места

10ч Драган 075434900
Гостивар Тргнување од општината Гостивар (објектот)

Чистење на населба Фазанерија

10ч Окан 075229088
Кичево Поаѓање од мостот близу градската болница

Чистење на река Сушица

11ч Леонита 071920496
Битола 1) Месна заедница Тодор Ангелевски (кај паркчето)

–          ОУ Тодор Ангелевски

–          Паркот меѓу ул. Н.Н. Борче и Илинденска

–          Паркот во населба Ушици

2) Улица Цар Самоил (поранешни бараки на УЈП)

Никола 075212467
Прилеп Поаѓање од ОУ Кире Гавриловски-Јане

Чистење на:

–          Патот кон вештачкото езеро

–          Општа болница Борка Талески

8:30ч Христијан 075316025

22 септември (недела)

Град Локација Почеток Лице за контакт
Тетово ул. Дервиш Цана 12ч Арта 070752714

 

На самите локации ќе бидат обезбедени материјали за безбедно работење (ракавици, кеси итн). Активистите на Гоу Грин преку „Биди Зелен“ средношколската мрежа, поддржана од фондацијата Хајнрик Бол – Сараево и Град Скопје активно учествуваат во акции за подигнување свест за заштита на животната средина. Акцијата за чистење е поддржана и од Француската амбасада во Скопје, како и Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ.

World Clean up Action, или Светската акција за чистење ќе се одржи во 157 држави и милиони луѓе ќе се вклучат во борбата против отпадот на улиците, реките, плажите итн. Преку чистењето на ѓубрето, целта на настанот е да се подигне свеста за отпадот во светот, како и да се насочат земјите кон поодржливи решенија – вклучувајќи промена во потрошувачките навики. Со вклучување кон оваа акција, се стремиме не само кон почиста околина, туку и кон поцврсти заедници, соработка и подобра иднина.